Фолк-пејачката Анастасија Петреска, ќерка на фолк-пејачот Наум Петрески, неодамна настапи на фестивалот “Роса“ кој се одржа во МОБ.
Нејзиниот настап ја воодушеви публиката што беше присутна на фестивалската вечер. Можеа да се слушнат коментари на присутните, од тоа „цела е на татко ѝ во талентот за пеење“ до „дури може да отпее и подобро од него“. Анастасија особено е посветена на музичката кариера, а во слободно време секогаш е гостинка во гостилницата на Наум каде што најчесто доаѓа со своето момче.