Андријана Јаневска: „Се терам себеси да размислувам позитивно“

Пејачката Андријана Јаневска на својот фејсбук-профил напиша статус во кој опиша како се тера себеси да размислува позитивно и во најтешките ситуации и се надева дека и другите луѓе ќе го прифатат позитивниот начин на размислување.

„Да повториме како себеси се терам да размислувам позитивно: Кога Димитар ќе расфрла во истата минута кога сум исчистила, помислувам како некои жени сѐ би дале само за да почувствуваат како е да се биде мајка.
Кога долго чекам на семафор во автомобил, помислувам како некој воопшто нема.
Кога некој студент нема да најави отсуство, наместо да чекам до другиот час, излегувам на прошетка без никаква цел (која кога би дошол студентот, не би си ја дозволила). Тогаш сфаќам дека и услуга ми направил.
Кога ќе се разболи некој од синовите, помислувам дека тие болести се минливи, дека има лек и дека ќе оздрават.
Кога имам многу обврски, помислувам како ќе можам да си дозволам да му го купам на Димитар автомобилот за кој ми го зборува со месеци.
Кога нема да имам обврски, помислувам колку е убаво што сум постојано со децата.
Поентата е никогаш да не се споредуваме со оние што имаат повеќе од нас зашто веројатно секогаш ќе имаат повеќе и секогаш ќе бидеме фрустрирани и несреќни, а почесто да ни текнува дека има многу луѓе што имаат помалку. Да бидеме среќни со она што го имаме оти на крајот, само тоа е и поентата: Да живееме среќно“, напиша Андријана.

Scroll to Top