Познатото ТВ лице, уредник на Образовната програма во МРТ, Анета Андонова е во Ерусалим.
Таа таму замина за Велигден, а за фотографиите од улицата Долорес ја раскажа и симоболиката за дланката ан Исус Христос.
„По Патот на тагата, десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота, се наоѓа Петта станица. На самиот влез, постои камен кој што е издлабен од ударите на Крстот или од Исусовата дланка, кога Тој, исцрпен се потпрел на ѕидот. Тука Симон од Киринеја му помага на Исус да го носи Крстот“, раскажува Анета. Анета се радува што токму на тоа место ќе го дочека Велигден. (А.Г.)