Анета од групата „Молика“ вели дека не е лесно да се прифати овој цел период па и да се издржи тоа што немаат свирки или дружба со фановите.
„Многу ми фали публиката нормално, на секој пејач би му фалела. Јас ова го работам од 14 години, така да, повеќе сум навикната со публиката, отколку дома. Се надевам дека брзо ќе помине ова. Ми фалат настапите, да се собереме за снимање на новогодишни шоуа, емисии или било што. Многу ми фали навистина и сигурна сум дека на сите им фали“, рече таа во неодамнешното интервју за ИН ТВ.
Анета и група Молика во изминатите месеци доста често одржуваа онлајн концерти со цел да ја расположат јавноста во тешките моменти.
„Ако продолжи вака ситуацијата нема да имаме планови навистина. Но, ние сме секогаш позитивни со позитивни мисли и кога беше полицискиот час и карантинот ние секогаш се дружевме со публиката“, вели таа.
Таа исто така зборуваше и за колегите па им напиша статус во кој вели дека колегите и колешките пејачи, но и автори, дека од „Јутјуб“ ги бришат нејзините македонски и српски песни.
„Во изминатите 20-25 години од кога се занимавам со оваа работа, сум снимила многу светски, балкански, македонски хитови. Од сите тие светски, англиски, француски хитови никој ама баш никој не се дрзна да бриши по не знам кој пат, мои видеа од „Јутјуб“ освен само и само нашите македонски и српските автори и изведувачи. Јас ги разбирам зошто го прават тоа. Да ги потсетам, јас имам официјален „Јутјуб“ канал, меѓутоа до ден денешен не сум наплатила ниту еден единствен денар од снимање на други хитови. Многу од тие заборавени песни сум ги вратила во живот и повторно се бараат и слушаат, а целта моја е и ќе биде само да не се заборават и народот да слуша убава музика без разлика каква е. Почитувани автори и изведувачи, колеги и колешки. Колку и да бришите не можите вие да избришите, колку што јас можам да снимам како мои песни, така и народни хитови и да продолжам да го веселам народот.“, вели Анета.
Таа неодамна имаше соработка со хармоникашот Димитар Митровски, со кого во студиото на „ИН продукција“ претставија заеднички кавер. Станува збор за песната „Кад уморно срце стане” од Верица Шерифовиќ.