Антониа Гиговска е трудна, ќе се мажи четири месеци откако раскина со Иван

Пејачката Антониа Гиговска е бремена и ќе се мажи. Таа објави слики од позитивниот тест и ултразвикот, и првпат го покажа новиот дечко кој ја побара за жена.

Гиговска пред четири месеци раскина со Иван со кого беше долго во врска. Рече дека со новиот дечко долго време молчелe за бременоста и дека сега, на нејзиниот роднден е време да ја споделат убавата вест.

„Малечко мое. Од сега секој мој роденден ќе го славиме заедно. Си славам роденден, бебе, прстен“, рече Антониа и додаде и дека свршеникот сам ѝ го одбрал прстенот.

За потсетување, пејачката претходно беше во врска со пејачот од „Либеро Бенд“ Иван Јованов.

 

Scroll to Top