Антониа во изолација: Многу сум смешна

Пејачката Антониа Гиговска вели дека деновите во изолација не ѝ паѓаат тешко. Таа често преку својот инстаграм-профил комуницира со фановите. Антониа постојано објавува слики и видеа од тоа како ѝ поминува денот и како се забавува додека седи дома.

„Гледам многу серии. Почнав да свирам на клавир и многу сум смешна. Снимам лајв-видеа со Иван. И многу спијам“, откри таа за „Репортер“.

Ни раскажа и дека она на што посебно се радува периодов е најавата дека наскоро на Јутјуб премирно ќе биде пуштен мјузиклот „Тајно моја“, посветен на Тоше Проески, а во кој таа ја играше главната улога.

А. Јовановска

Антониа Гиговска: На сон ми дојде Тоше ноќта пред да победам

Scroll to Top