Антонио Милошски стана татко по петти пат

Македонскиот политичар и пратеник во собранието на Република Македонија, Антонио Милошски по петти пат стана татко. Тој ја објави убава информација и кажа дека синот го добил името Филип.

“Во ова тешко време за Македонија, нашето семејство посведочи една прекрасна благовест. Тивката Недела ни ја разубави бебешкиот плач на новородениот Филип, синот на храбрата мама Симона, најмалото братче на Илина, Михаела, Дариа и Давид Милошоски. Малку зборови има за да опишам колку сум радосен и возбуден како татко, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

„Дај Боже, што поскоро да го пребродиме заедно ова невреме и со таа мисла на сите ви пожелувам многу здравје, и радосни вести за вашите семејства и најблиските“, напиша Милошоски, споделувајќи фотографија од новороденчето.

Scroll to Top