„Ар-џи-би“ го промовира албумот „Мамурни утра“

Рок-групата „Ар-џи-би“ (RBG – Red Green Blue) изминатиот викенд го промовира својот нов албум со наслов „Мамурни утра“, што го најави со синглот „Разбуди се“. Материјалот се снимаше и се продуцира лани во студиото на Милош Краљевски, „ММ“ во Куманово, а го издаде „Горила продукција“.

Албумот има 8 песни, а покрај „Разбуди се“, на него се најде и деби-песната „Убаво е“, објавена во 2015 година. Од бендот велат дека наскоро ќе промовираат ново видео, како и дека сите песни ќе бидат поставени на нивниот официјален канал на „Јутјуб“.

Scroll to Top