Ареа со рок концерт за паметење на Пиволенд, пред скопјани порачаа: Да пееме и да ја славиме љубовта

Рок журка направија Ареа вчеравечер на скопскиот Пиволенд. Публиката се потсети на старите добри хитови кои добро одеа со ладно пиво. На градскиот плоштад со собраа и млади и стари за да уживаат во добра македонска музика со домашни артисти, но и да вкусат од понудените пивски вкусови.

На главната сцена на затворањето на првата вечер Ареа ги отпеаа хитовите „Сите слики“, „Фрекфенција на љубовта“ и уште многу други, на кои преполниот скопски плоштад пееше заедно со нив. Од сцената порачаа, да пееме и да ја славиме љубовта преку песна.

Убавото време и добрата журка ги намами скопјани да уживаат во добро друштво и чаша пиво.

Со настапот на Лара Ивановска на Крафт сцената и Дј Мац на главната, започна фестивалот на пивото во Скопје, Пиволенд.

На првата вечер настапија и реге бендот Конкоринг лајн, рок бендот Шајн, како и македонските бендови Последен Удар, Тотално Опуштање и Преку Ред.

Пиволенд продолжува и вечерва, а во следните денови настапи ќе имаат ДНК, Фанк Шуи, Архангел, Фолтин, Баклава, Игор Џамбазов и Гуру Харе.




 

Scroll to Top