Политичката сатира „Нема да платам“, која ги опишува реакциите на потрошувачите на зголемувањето на цените, утревечер ќе ја има својата премиера во „Театар комедија“. Атанас Атансовски, Валентин Костадиновски-Тино, Зорица Нушева, Жаклина Петровска и Александар Михајловски ќе ве насмеат до солзи, велат од театарот.
Претставата е работена по делото на италијанскиот драмски писател, сценарист и режисер Дарио Фо, кој е добитник на Нобеловата награда за литература. Режисер на претставата е Александра Кардалевска, сценографијата ја направи Зоран Ѓурески, а костимографијата е на Маја Ѓуреска и Антонија Гунинска Јорданоска.
Вечерва од 20 часот е закажана претпремиерата на претставата.