Бабата на Тања Кочовска моторџика од 60-тите во Скопјe

Фотографија од две баби како возат мотор, во 60-тите измами насмевки и воодушевување оти фотографијата е направена на скопските улици во Ново Маало. Едната од нив е бабата на познатата актерка Тања Кочовска.

Таа за Репортер ја потврди автентичноста на фотографијата и напиша дека тоа е баба ѝ, мајка на нејзината мајка, а таа зад неа е теткат на мајка ѝ. Тања рече дека моторот на кој е фотографирана нејзината баба е на татко и Љупчо Митров, татко на баба ѝ.

Блиските на Тања Кочовска коментираат дека таа потсетува на нејизната баба по темпераментот, оти и таа за нејзиниот 54 роденден направи салто мортале со скок во Јадранско море.

Тања Кочовска, една од омилените актерки на јавноста, со години беше дел од Театарот за деца и младинци. Потоа замина во МНТ и игра во повеќето претстави. Таа е во брак со глумецот Предраг Павловски. Една од ретките што секогаш прави шега на своја сметка поради килограмите. Публиката ја гледаше неодамна и како Стојна, сопругата на Миле во „Преспав“, а од неодамна стана баба на внукот Јаков.
(Г.Д)
Фото:ретро Скопје

Scroll to Top