„Баклава“ со спот во синемаграф стил

Групата „Баклава“ ја промовираа својата поп-рок песна „Невен“, за која сними и спот во синемаграф стил. Станува збор за стил во кој се споени видео и фотографија. Видеото го направија Сибо и Елена Баклава, а снимките се на Наце Попов.

Спотот се снима на неколку скопски локации. Песната има оптимистичка порака: „Невенот не венее! Кога најчесто се соочуваме со мрачните есенски денови, размислувајќи за стареењето и нашата конечност“, велат од бендот. Музиката е на Елена Баклава, а текстот на Сибо.

Scroll to Top