Балерините од МОБ направија елка од шпиц-патики

Балерините од Македонската опера и балет направија новогодишна елка од шпиц-патики. Елката, за која ги донирале своите шпиц-патики, ја ставија во фоајето на МОБ, а од вчера и ја осветлија со новогодишни светилки. Идејата е на балерината Наташа Јосифовска, па Балетот се организирал, но добиле плус 30 пара шпиц-патики и балетска пачка од светски познатата компанија за балетска опрема „Гришко“.

„Брзо ја направивме елката затоа што луѓето кои помогнаа се златни. Идејата е моја, и ја предложив на еден состанок на ансамблот пред еден месец. Балерините ги донираа своите користени шпиц-патики кои дополнително ги персонализираа по своја желба и инспирација“, ни изјави балерината Наташа Јосифовска.

Ни откри дека на елката вкупно има 100 пара шпиц-патики. „Најмногу време ни одзема собирањето, перењето, шиењето на шпиц-патиките, а понатаму сè одеше полесно“; додава Јосифовска.

Материјалот од китењето на елката го снимиле, и вели ова е една убава новогодишна честитка за сите љубители на балетот.

 

Scroll to Top