Балкански народни песни и игри во Охрид

Вечерашната изложба на дела на ликовни уметници од странство од колекцијата на НУ Центар за култура „Григор Прличев”- Охрид е увертира за утрешниот старт на 56. Балкански фестивал на народни песни и игри, кој ќе трае до 9 јули.

Фестивалот се одржува под покровителство на Собранието на Република Македонија и по утрешното свечено отворање на сцената на Долни Сарај ќе настапи Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“.

На 7 јули (петок) настапуваат Ансамблот од Поградец, Албанија, КУД „Разиграна Македонка” од Квинбијан, Австралија, и Асоцијацијата на жени играорки „Орма Пелас” од Воден, Грција.

На 8 јули (сабота) ќе настапат ансамблот „Традиција” од Трстеник, Србија, и ансамблот „Пирамида” од Охрид, Македонија.

На свеченото затворање на фестивалот во недела, 9 јули, ќе настапи ансамблот „Отекс” од Охрид, Македонија, и ансамбл од Бугарија.

Почетокот на сите вечери е во 20.30 часот, а влезот е слободен.

Scroll to Top