Без љубов не функционирам

Пејачката  Јулија, најави дека нејзината емисија “Будење со Јулија“ на ТВ Сонце, ќе биде во знакот на љубовта, оти и февруари е месец кога се слави љубовта. Јулија не крие дека и нејзе и годи љубовта , каде и да е. „Јас сум секогаш вљубена. Љубовта е на секаде околу мене, секој ден, секој миг, со секоја моја мисла“, рекла за „Вечер“.

И додава : Не мора да станува збор за љубов кон некој маж, туку може да се работи и за љубов кон работата, кон семејството, кон пријателите, децата, внуците.

Пејачката открива дека без љубов не можоле да функционира.

„Не функционирам без љубов. Затоа и ја сакам црвената боја, го сакам и црвеното вино“, додава Јулија.

Scroll to Top