Безбедносните камери ќе откријат како починал Влатко

Снимките од безбедносните камери поставени на булеварот Трета македонска бригада, во близина на фабриката Раде Кончар треба да помогнат или откријат како настанала смртта на познатиот македонски пејач Влатко Илиевски.

Веќе се побарани снимките од овие камери, но засега нема одговор од надлежните дали камерите биле во функција.

Пејачот беше пронајден мртов во петокот вечерта нешто пред полноќ во своето брендирано возило на булеварот Трета македонска бригада. Се уште не е познато кој пријавил во полиција. Од таму велат дека се работи за анонимен повик.

 Телото на Илиевски е на обдукција, земени се монстри за анализа од урина и крв, а денеска беше погребан на гробиштата во Ѓорче Петров.
Scroll to Top