Биба, со вашиот низок вокабулар ги навредивте и оние кои го загубија животот во пандемијата: Над 5.000 медицински сестри со реакција кон пејачката

Пејачката и претседателка на здружението „Борка“, Биба Додева пред некој ден ја објави модрата рака на социјалните мрежи па со погрдни зборови им се обрати на медицинските сестри. Освен што се жалеше дека и ја утнале вената, таа со куп недолични зборови го навреди медицинскиот персонал. По објава на Биба, стигна и реакциија од над 5000 медицински сестри од целата земја, во која бараат таа да се извини.

„Биба Додева користејќи недолични изјави со низок вокабулар  се обиде да го сруши угледот и авторитетот на една од најважните професии во здравствениот систем. Во текот на минатата недела во нашето здружение пристигнаа голем број реакции од нашите членови, по што извршниот одбор на Унијата одлучи јавно да го истакне ставот на над 5000 медицински сестри од целата земја.

Почитувана, бараме јавно да се извините и да ги повлечете своите изјави во кои го валкате угледот на нашата професија. Ние досега немаме слушнато за сличен случај, во кој јавното влијание се користи за деструктивни цели наспроти поддршката која ни е потребна во еден ваков турбулентен период. За изолираниот случај постои Закон за заштита и права на пациентите преку кој можевте да побарате соодветна одговорност од виновникот. Мудроста на нашата хумана професија не е да судиме, туку да умееме да си ја сакаме професијата, колегите и пред се пациентите. Жал ни е за вашето лошо искуство, но уште повеќе жалиме за навредите кои индиректно ги упативте кон медицинските сестри кои го загубија својот живот во текот на пандемијата, кон оние кои деноноќно се во болниците, ординациите, операционите сали, интензивните неги, центрите за дијализа, ковид центрите, во родилните сали, во здравствените домови… на само чекор до болните. Најголемиот пријател на човекот се делата, а во нашата професија тие се секогаш пред нас.“, се вели во реајкцијата на Унијата на ЗМСТАС предводени од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ .

(Фото) Покондирани фуфици, прекардашили сте: Биба Додева со погрдни зборови за медицинските сестри

Scroll to Top