Билјана Јаневска е прва придружничка на светскиот избор за Мис туризам во Јамајка

Манекенката Билјана Јаневска ја претставуваше нашата земја на изборот за „Мис модел туризам во светот“ во Јамајка, каде ја доби наградата за прва придружничка.

Јаневска веста ја сподели на социјалната мрежа Фејсбук.

„Готово е! Ви благодарам на сите за сетта поддршка, мојот сон стана реалност! Оваа награда ти ја посветувам на тебе тато, твојата кукличка е на второ место на мис! Те сакам!“, напиша таа во објавата.

Покрај ова, таа доби награди за најдобар изглед и најдобар костим за капење.

Scroll to Top