Министерот за транспорт Благој Бочварски го проба првиот лет Софија – Скопје, кој траеше 35 минути. Тој утрово слета на аеродромот во Скопје, па на Фејсбук објави фотка од летот. Со Бочварски беа и членови на македонската и бугарската делегација, бугарскиот министер за транспорт Николај Сабев, но и туроператори од двете држави. Ова беше првиот лет кој директно ги поврза главните градови на Македонија и Бугарија.