„Бољи Живот“ – нова песна на Дре и Пука Козметика

Младиот и талентиран музичар Андреј Јовановиќ – Дре во соработка со пионерите на македонскиот рап Пука Козметика на втори август, за големиот празник Илинден, промовираа нова песна со наслов – „Бољи Живот”.

Музиката и Аранжманот се на Андреј Јовановиќ додека за текстот се погрижија тој и близнаците од Пука Козметика. На песната гостува и Диџеј Славе кој ги остави скречовите, за да ја надополни оваа рап дружба.

Снимана е во студиото Алшар кај Ивица Јанкуловски – Штрав кој се погрижи за миксот и мастерингот на песната.

Мелодична музика со тврди рими кои ја отсликуваат реалноста во Македонија. Песната е повик за револуција на умот и борбата за рамноправност.

Видео записот го потпиша Катерина Јорданоска за Перспектива рекордс.

Scroll to Top