Бомбакис и четиригодишната Бисера која боледува од дијабет, со транспарент на картон повикуваат да се обезбедат сензори за деца со дијабет.
„Да се обезбедат сензори за деца со дијабет. Да имго олесниме детството“, пишува на транспарентот, а Бомбакис под објавата напиша:
„Шернете на стори да стигне до тие што ги интересира сѐ, освен ваквите проблеми“,напиша Бомбакис.
Двајцата се фотографирале симболично под летниковец. Токму приказната за малата Бисера тргна оттаму, кога таа со нејзините родители и телевизиската екипа која снимаше прилог за предизвиците со кои се соочуваат, друга мајка која славела роденден побара да го напуштат летниковецот поради роденденска прослава, и разговорот да го продолжат на жешкото сонце.
Ваквата реакција на мајката предизвика коментари на социјалните мрежи, па така многу јавни личности се вклучија во дебата за потребата да се слушне за децата болни од дијабет, но и за несоодветната рекација на мајката.