По седум години љубов се ожени јутјуберот Стефан Лазаров со својата девојка Марта. Двојката се венчаше во соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје каде во име на љубовта ги пуштија и белите гулаби.

Но, пред венчавката и претходеше цела традиција. По невеста се одеше со тапани и знамиња, во чевелот се ставаа пари, а имаше и буткање на врата.

Невестата избра елегантни и модерна венчаница, а Стефан е скоцкан во елегантен костум.

Браќата Нуне направија џумуш кај невестата дома, а главната забава е вечер во еден познат скопски ресторан.









