Бојан Јовановски или во јавноста познат како Боки 13, денес полни 37 години. Неговата мајка, Јасмина, сподели емотвна роденденска порака за својот син, кој сè уште е во затворот во „Идризово“.
„Да се биде мајка е една од најсветите и најодговорни задачи на овој свет, благодарна сум што сум ја добила задачата да бидам мајка на Бојан. Неговата специфичност, неговиот индивидуализам, неговата енергија и дух се она што мене ме прави дополнително одговорна, а во исто време ме прави и најгордата мајка на овој свет со сето бреме кое го поминуваме заеднички сите овие изминати години! Денес Бојан полни 37 години, зад него се безброј премрежја и неправди, а пред него му посакувам пред сè здравје, нови предизвици и победа на целото нанесено зло. Среќен роденден Бојан. Те сакаме со цело срце“, вели Јасмина Јовановска .
Бојан се уште е во затворот во „Идризово“ за случајот Ркет, а последните неколку месеци влошена е состојба на неговото здравје.