Даниел Кајмакоски и Димитар Андоновски го посетија женскиот манастир „Рајчица“

Поп-пејачите Даниел Кајмаковски и Димитар Андоновски заедно со своите сопруги и деца беа првите гости во манастирот Рајчица во Дебар спроти божикниот пост, кој почнува денеска и трае до 7 јануари. Даниел Кајмаковски дошол со сопругата Христина и синот Давид, а Димитар Андоновски со сопругата Христина и синот Михаил.

Главна грижа на сестрите во овој период од годината е да снабдат што повеќе домови и институции со еден од најубавите симболи на празникот – божикната пештера. Ова е само првата од многуте активности кои претстојат во периодот што следи. Подготовката на божикните ѕвезди, како уште едeн важен симбол на Божик, е следната активност за која се подготвуваат во манастирот. Во пресрет на Божиќ манастирот во Рајчица ќе го посетат и други јавни личности, како спортисти, пејачи, актери.

Scroll to Top