Дарко Спејко пак ќе се натпреварува во „Задруга“

Победникот на „Големиот брат“ од 2015 година, Дарко Спејко, вторпат ќе се натпреварува во реалното шоу „Задруга“. Откако лани помина неколку недели во шоуто, сега ќе влезе во куќата од самиот почеток. Веста дека Спејко ќе биде дел од „Задруга 4“ ја објавија продуцентите на шоуто на „Инстаграм“, а потоа ја потврди и Дарко.

„Малку сум среќен што излегов. Ќе бидам искрен, не бев толку силен зад црната маса, како што очекував дека ќе бидам. И да останев, ќе останев уште еден месец. Во претходното реално шоу беше потполно поинаку“, изјави Спејко лани по излегувањето од шоуто.

Четвртото продолжение на „Задруга“ почнува во септември, а според српските медиуми, меѓу учесниците ќе бидат и Станија Доброевиќ, Луна Џогани, Кристијан Голубовиќ, Мики Ѓуричиќ, Миљана и Марија Кулиќ. Се пишуваше дека и пејачката Романа Паниќ ќе влезе во „Задруга“ откако пред неколку дена беше депортирана од Австралија во Белград.

Инаку, Дарко неодамна стана директор на кошаркарски клуб во Куманово.

https://www.instagram.com/p/CD1a3EJhFc2/?utm_source=ig_embed

Scroll to Top