На само 10 дена пред 86. роденден почина маестро Александар Џамбазов, легендарниот композитор и диригент. Веста за смртта ја сподели актерот и шоумен Игор Џамбазов, кој неодамна на социјалните мрежи објави интересна приказна за неговото семејство. Тој сподели фотографија на која е заедно со својот татко и тогаш направи интересна споредба со холивудските татко и син Даглас, Кирк и Мајкал. Слични фотографии за кои напиша: Семејството Даглас или Џамбазови? Кој ќе издржи повеќе?
Дека се ко холивудските Даглас тој раскажува и во дел од автобиографската книга „Прирачник за антиалкохоличари“, Игор потсетува на времето кога почнал да глуми во познатата детска партизанска серија „Волшебното самарче“, но и дека освен семејството Даглас и неговото, тој не знае пример каде играат во филм тројца актери од фамилија.
„Сè започна со ‘самарчето’. И тоа она ‘волшебното’. Имав само 12 години. Бев најобично курле од Скупи. Го глумев легендарниот партизански курир кој шверцува лекови, писма, оружје и разни други антифашистички нешта. Мајка ми ја играше мајка ми, а дедо ми – дедо ми. Три генерации актери во еден филм, луѓе мои. Освен славното семејство Даглас во една холивудска лимонада, каде што заедно играат стариот Кирк, син му Мајкл и внукот, на кој никако не успевам да му го запомнам името, за друг таков случај не сум чул“, пишува во книгата на Џамбазов.
Александар Џамбазов беше во брак со актерката Анче Џамбазова, која почина пред 25 години.