Џеси Џеј ги загуби бебето: Ова е најосаменото чувство на светот

Британската пејачка Џеси Џеј (33) на „Инстаграм“ сподели фотографија на која држи тест за бременост и откри дека го загубила бебето. Во емотивната објава таа раскажа дека неодамна одлучила сама да има бебе бидејќи целиот свој живот сакала да е мајка. Но, на последниот преглед лекарите ѝ кажале дека нема срцева акција. Пејачката вели дека сè уште не може да поверува оти го загубила бебето и дека никогаш не се чувствувала толку осамено.

„Одлучив да имам бебе сама затоа што тоа е сè што сакав отсекогаш и животот е навистина краток. Да забременам беше чудо само по себе и искуство што никогаш нема да го заборавам и знам дека ќе го имам повторно. Вчера се смеев со пријател и му велев дека нема да додржам на настапот во Лос Анџелес без да ѝ откријам на публиката дека сум бремена. До вчера попладнето ме мачеше мислата како ќе го издржам настапот, без да се распаднам пред нив. Но, тогаш го направив мојот трет скен и лекарите ми кажаа дека повеќе нема срцева реакција. Утрово чувствувам дека немам контрола врз моите емоции. Можеби ќе жалам што сум го објавила ова. Можеби нема. Всушност, не знам. Тоа што знам е дека сакам да пеам вечерва. Не затоа што го избегнувам процесот на тагување, туку затоа што знам дека пеењето вечерва ќе ми помогне“, вели Џеси.

Таа додава дека пеењето ќе ѝ помогне да ги залечи тагата и шокот дека го изгубила бебето.

„Имав само две шоуа во текот на овие две години и на мојата душа ѝ е потребно тоа. Знам дека некои луѓе ќе мислат ‘таа треба да го откаже шоуто’. Но, во овој миг јасна ми е само една работа. Кога почнав да пеам, тоа ми беше радост, ми ја исполнуваше душата и ми беше терапија за љубов кон себе, тоа не се промени и го процесирам ова на мој начин. Сакам да бидам искрена и вистинска и да не кријам што чувствувам. Го заслужувам тоа. Сакам да бидам тоа што сум колку што е можно во овој миг. Не само за публиката, туку и за мене и за моето мало бебе, кое даде сè од себе. Се знам себеси и знам дека ќе зборувам за ова на сцена затоа што таква сум јас. Но, наместо емоционален говор полн со солзи, ќе се обидам да ја објаснам мојата енергија. Тоа ми изгледа побезбедно. Сè уште сум во шок, а тагата е преголема. Но, знам дека сум силна и знам дека ќе бидам во ред. Исто така, знам дека милион жени од целиот свет ја почувствувале оваа болка, па и многу полошо. Се чувствувам поврзано со сите такви меѓу што ги познавам и што не ги познавам. Тоа е најосаменото чувство на светот“, напиша Џеси.

Пејачката вели и дека решила да има бебе сама поради лошите љубовни врски. Таа во октомври се раздели од Макс Фам со кого беше седум месеци во љубовна врска. Претходно беше во љубов со американскиот глумец Ченинг Тејтум.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessie J (@jessiej)

Scroll to Top