Диџеј Александар Галоски е на светската листа за најдобри продуценти и артисти за електронска музика

Македонскиот диџеј и продуцент Александар Галоски (30) влезе во историјата како прв артист од Македонија што се рангира на елитната и светска 101 tracklist, и тоа на 69-тото место на најдобри продуценти и најподдржани артисти за електронска музика во светот.

Тој е еден од ретките балкански артисти што има милионски преслушувања на музичката стриминг-платформа Spotify. Исто така, тој ја доби титулата артист за јули од страна на Tomorrowland, eден од најголемите музички фестивали и рендови претставајќи го како артист со светла иднина. Но, доби и поддршка од популарниот хит-мејкер Џонас Блу.

Неговите изданија летово беа емитувани на светски познатното BBC Radio и на KISS FM, како и на уште многу други реномирани радиостаници во светот. Тие може да се чујат и на плејлистите на најголемите светски диџеи, како Тиесто, Дејвид Гета, Мартин Гарикс, Афроџек, Стив Аоки, Дон Дијабло, Алесо итн.

Најновото музичко дело на Галоски, Thinking About You, официјално ќе излезе в петок во издание на Future Music House, која важи за една од најголемите издавачки куќи во светот.

Scroll to Top