Димитар Андоновски во изолација создаде нов музички проект

Поп-пејачот Димитар Андоновски го промовира својот нов музички проект „Надеж“. Вели, сега кога деновите ги минува дома во изолација, конечно нашол доволно време да го реализира проектот кој го почнал одамна, а кој го работеше заедно со неговата сестра, актерката Маја Андоновска Илијески.

„’Надеж’ е музички проект кој започнав да го работам од неодамна за мое лично задоволство. Инспириран од ситуацијата во која се наоѓаме, вишокот слободно време го искористив да се посветам и да почнам да го реализирам“, откри Димитар.

Видеото, што го промовираше на социјалните мрежи, го изработи Сергеј Светозарев.

„На сестра ми Маја и на Сергеj сум им бескрајно благодарен бидејќи вака делото го добива комплетниот сјај. Ако ви се допаѓа, споделувајте“, додава тој.

Димитар, кого публиката го запозна во „М2 потрага по соѕвездие“, од пред неколку години пее со познатата група „Тајфата“.

Scroll to Top