„Дизни“ ги избриша сцените со Арми Хамер, кој е обвинет за силување и злоупотребаање

„Дизни плус’“ започна да отстранува содржина што во своите сцени го вклучуваат актерот Арми Хамер. Кариерата на Хамер почна да се распаѓа оваа година поради некои вознемирувачки обвинувања против него, вклучувајќи силување и канибализам. Поради тоа, неколку големи проекти беа запрени, а соработката му ја откажаа и неговата агенција и издавачите.
Дизни сега оди чекор подалеку, па од стриминг-сервисот „Maus haus“ целосно ја отстранил епизодата од шоуто „Во дивината со Бер Грилс“, каде се појавува Хамер.
Во таа епизода, Хамер и Грилс одат заедно да нуркаат за да ја пронајдат изгубената шверцерска пештера на брегот на Сардинија. Веќе ја нема на „Дизни пулс“. Кога ќе се обидете да ја гледате петтата сезона, каде има епизода со Хамер, услугата едноставно ве префрлува од епизодата четири во епизодата шест. Во моментов е достапен на неколку други услуги како што се „Епл ТВ +“ и „Нау ТВ“ во Велика Британија, но странските медиуми јавуваат дека ова може да се промени наскоро.

Неговиот следен филм „Смрт на Нил“, е преместен во 2022 година.
Да потсетиме, девојка по име Ефи се појавила на прес-конференција со нејзината адвокатка Глорија Алред и без да го спомене нејзиното презиме, таа во солзи објавила дека sвездата на филмот „Скриена љубов“, Арми Хамер, ја силувал на 24 април 2017 година, кога имала 20. години. Таа го обвинила за ментална, физичка и сексуална злоупотреба во текот на целата нивна врска. „Секој пат беше сè  погруб и погруб. Мислев дека ќе ме убие“, рекла Ефи.
Тие се запознале преку социјалните медиуми во 2016 година. Имале бурна врска, а наводно раскинувале и се смирувале четири години по ред. Адвокатот на Хамер ги поби обвинувањата на Ефа.

„Од самиот почеток, секоја врска што г.  Хамер ја имаше со Ефи се одвиваше целосно со заедничка согласност пред самиот чин. Тие разговараа и се согласија за сè. Привлекувањето на вниманието и одлуката на Ефи да се однесува на овој начин всушност само ќе ја намали можноста вистинските жртви на насилство да имаат правда“, рекол адвокатот, додавајќи дека е Ефи таа што побарал од Хамер да игра малку погрубо, на што тој не бил спремен.
Ова не е прво обвинување на Хамер за злоупотреба.

Scroll to Top