Македонската преставничка, 90 годишната Добирала Ивановска -Чабриќ победи во регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“. Таа откако се појави на сцената уште на самиот почеток го освои жирито, публиката, но и гледачите кои цело време и беа поддршка.
Добрила за цело време беше еден од фаворитите. Веравечер во студиото на Кошутњак се одржа финалната вечер на ова музичко наптреварување. На стандарното жири овој пат им се придружи и Ацо Пејовиќ и Цеца Ражанатовиќ.
Како и претходната година, така и оваа имаше три победници. Стурчното жири го прогласи Ромео Николиќ за победник, а Неврес Хаџиќ беше прогласен за победник од страна на публиката.
А 90-годишната Македонка од Дојран, Добрила Ивановска Чабриќ беше прогласена за победник по гласовите на Фејсбук.
„Ви благодарам многу“ изјави Добрила, а од публиката доби аплаузи и овации.