Доктор Жарко Караџовски позитивен на корона

Претседателот на Комисијата за заразни болести, доктор Жарко Караџовски, е позитивен на коронавирус, соопшти Министерството за здравство. Тој се чувствува добро и е на домашно лекување.

„Доктор Караџовски останува дома во изолација, се чувствува добро. Во изолација останува и неговата сопруга“, велат од Министерството.

Од таму информираат дека според епидемиолошката анкета, Караџовски деновиве немал контакти со други лица од поширокото семејство, со колеги од Институтот за јавно здравје, ниту со членовите на Комисијата за заразни болести.

Scroll to Top