Домот на културата во Кисела Вода ќе го носи името на актерката Билјана Беличанец

Домот на културата во Кисела Вода ќе го носи името на актерката и поранешен градоначалник на општината, Билјана Беличанец. Веста ја сподели актерот Рубенс Муратовски на својот Фејсбук профил.

„Општина Кисела Вода, градоначалник, ми го стопливте срцето“, напиша тој.

Билјана Беличанец беше македонска театарска, телевизиска и филска глумица. Во својата кариера имаше реализирани бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други инстутуции и проекти. Таа беше градоначалник на општина Кисела Вода во периодот од 2013 до 2017 година.

Во 2019 година, две години по завршување на мандатот, беше пронајдена почината во својот стан. Причината за нејзината смрт беше самоубиство, според инфомациите на полицијата.

Scroll to Top