Две Македонки најубави на изборот во Букурешт

Македонките Ива Михајловска и Сандра Стефановска освоија титули на изборот „Мис фешн ТВ Јуроп 2018“, кој заедно со пролетниот фестивал „Фешн ТВ“ се одржа во Букурешт, Романија. Ива ја доби наградата „Мис стар“ од модната телевизија „Фешн ТВ“, а ѝ ја додели сопственикот на телевизијата, Мишел Адам. А Сандра ја освои наградата „Мис телеџеник“, што ја доделуваат 10 камермани на „Фешн ТВ“, кои цело време ги снимаа кандидатките.

Ива Михајловска

Со титулите што ги освоија девојките се пласираа на светското финале „Мис фешн ТВ ворлд 2018“, што ќе се одржи во септември на Кипар.

Лиценцата за Македонија за овој интернационален избор за убавина и модели ја поседува модното студио „Црнокрак“, чии членки се Ива и Сандра.

Сандра Стефановска
Scroll to Top