Е ОВА Е СРЕЌА: Додека чекал за сервис на автомобилот – купил грепка и станал милионер!

Еден жител на Њујорк стана милионер, откако непланирано решил да купи грепка за наградна игра од најблиската продавница.

Имено, додека чекал во сервис да му ги напумпаат гумите на неговиот автомобил, 20-годишниот Ентони Ајварон решил да купи грепка за побрзо да му помине времето, но и да си ја проба среќата.  Откако ја изгребал картичката, останал во шок кога видел дека освоил џек пот во износ од еден милион долари.

По добивањето на премијата Ајварон изјави дека решил да купи лоз во вредност од 10 долари, какви што редовно купувала неговата тетка.

Откако ќе го плати данокот на добивка, на Ајверон ќе му останат 662.000 долари.

Scroll to Top