Неколку месеци по евровизиската еуфорија, Јана го даде своето прво телевизиско интервју.
Таа заедно со Даниел Кајмакоски беше гостинка во емисијата „Подводно“, каде двајцата зборуваа за Евровизиското искуство, но и новите животни улоги.
Даниел како млад татко и даде некој совет на Јана која се подготвува за мајчинството и пред крајот на оваа година на свет ќе го донесе своето прво дете.
Пејачката во ова интервју го откри и полот, но и името на бебето, а емисијата ќе ја погледнете во недела во 14:45 часот на ТВ Алфа.