Елена Псалтиров викендов освои сребрена медала на танцовото првенство Little Grand Prix во Полска. Таа ја освои наградата во категоријата на танчери од 12 до 15 години за стандардни и латиноамерикански танци.
Елена, која наскоро ќе полни 13 години, до сега има осумнаесет медали, на домашни и меѓународни турнири. Првите медали ги освои во Казахстан, продолжи во Македонија и Србија, а сега освои и прв медал во Полска, земјата во која што живее веќе некое време.
Елена е ќерка на амбасадорот Илија Псалтиров, кој ѝ познат на јавноста уште од неговата младост како водител и музичар.