Елена Велевска донира спортска опрема за децата фудбалери

Фолк-пејачката Елена Велевска донира спортска опрема за децата фудбалери од Охрид од фудбалската школа „Еурофудбал“. Новата опрема членовите од фудбалската школа веднаш ја облекоа на натпреварот со своите противници од охридска школата  „Ла Масија“.  „Од секогаш сум помагала и сакам да го правам тоа. Опремата е за децата родени во 2008 година, тоа се деца што се генерација на мојот син Марко, кој исто така игра со нив“, вели Велевска.

Ова не е првпат фолк-пејачката да учествува во хуманитарни проекти. Таа често им помага на дечињата со оштетен вид во Охрид, а помагаше и за време на поплавите што го зафатија Скопје кога неколкупати носеше цели пакети со храна и средства за хигиена за настраданите во поплавите. ((А.Г.)

Scroll to Top