Елена Велевска: Почнав со хонорар од 400 денари, затоа ги ценам парите

Фолк-пејачката Елена Велевска секогаш го привлекува вниманието во јавноста сеедно дали со нова песна, со изгледот или, пак, воопшто со нејзиниот приватен живот. Неодамна почна со настапите по паузата поради пандемијата.

На прашањето како таа ја поднесе кризата предизвокана од короната и дали ѝ требаат парите што ги вети Владата – 14.500, Елена за „Репортер“  ни раскажа: Мене по џебот ме погодиле и повеќе од тие 14.500, па ова со пандемијата и немањето приходи неколку месеци мене, искрено, не ме погоди. Но, јас денес добро заработувам и тоа е производ на мојот труд во текот на сите овие години. Јас сум почнала со хонорар од 400 денари и не ми е срам да го кажам тоа за денес да можам да ја издржам кризата предизвикана од короната.

И додава: Ако си вистински уметник, мораш да сфатиш дека не можеш да си играш со музика, мора да си професионалец. Денес кога заработувам доволно за да си дозволам себеси и на моите деца, не заборавам дека сум почнала со мал хонорар како и многу други, па затоа и ги ценам парите“, ни раскажа Велевска.

(А.Г.) 

Scroll to Top