Актерката Ема Стоун откри дека уште од седум години оди на терапии поради анксиозност. Оскаровката и ѕвезда од „Ла ла ленд“ јавно проговори за своето животно искуство со анксиозноста во интервју со Стивен Колбер.
Во шоуто, Кобер ја замолил Ема да објасни што значи цртежот што го направила на 9 години на кој пишува: „Јас сум поголема од мојата анксиозност“ и на кој се прикажани девојче и мало зелено чудовиште.
„Го цртав ова како терапија. Бев многу анксиозно дете и имав многу панични напади. Терапијата многу ми помогна. Почнав на 7 години. Сè уште сум анксиозна, но без панични напади, фала на Бога“ изјавила Стоун, објаснувајќи дека глумата многу ѝ помогнала.