Здружението „Отворена порта“ организира едномесечна кампања со која се обидува да го актуализира прашањето за трговијата со луѓе. Во кампањата се вклучени и македонските јавни личности, меѓу кои и Марко Марк, Катарина Ивановска, Димитар Атанасовски, Дани Димитровска, Викторија Лоба, Лила, Елена Ристеска, Иџе и други.
Кампањата со мотото „Што гледаш? Биди нивниот глас!“ има цел да ја подигне јавната свест и да ги поттикне граѓаните да побараат совет, информација и да пријават трговија со луѓе. Отворена е и телефонска линија и граѓаните ќе може да пријават трговија со луѓе или да побараат советување на телефонскиот број: 0800 11 11 1.
„Отворена порта“ постои од 2005 година и преку програмата за социјална асистенција до денес имаат обезбедено сместување, медицинска, правна и психосоцијална помош, вклучување во образованието и стручно оспособување на 135 лица.