Познатиот саксофонист Ферус Мустафов се бори за живот. Информацијата ја потврди неговиот внук Ферчо Мустафов на социјалните мрежи, откако во медиумите се рашири веста дека наводно починал популарниот музичар.
Внукот на Мустафов, демантира дека познатиот музичар починал во болница, но потврди дека неговиот дедо е во болница и се бори за живот.
“До сите мои пријатели и колеги. Мојот дедо Ферус Мустафов не е починат.
Точна е информацијата дека се наоѓа во болница и дека се бори за својот живот. Да се помолиме за негово здравје.
Ви благодарам во името на фамилија Мустафови за поддршката и вниманието”, напиша внукот на Мустафов.