(Фото) Александар Маленко се ожени петти пат, инструкторка по пливање e новата сопруга на познатиот пливач

Познатиот пливач Александар Маленко се ожени со инструкторката за пливање Метка Спаравец. Таа ги објави фотографиите од венчавката, а на социјалните мрежи не престануваат да стигаат честитки. И Александар Маленко на својот профил објави денеска дека се оженил со Спаравец.

„По 26 години си кажавме да“, рече Маленко.

Двајцата се решија венчавката да биде едноставна, без многу гости. Метка избра бели панталони, елегантно и префинето во комбинација со бел капут. Маленко се одлучи за црна комбинација.

Ова е петти брак за македонскиот пливач. Маленко зад себе има четири брака и пет деца. Прво беше во брак со водителката Сузана Турунџиева, со која ја има ќерката Лора од која доби и внук. Беше во брак и со актерката и поранешната директорка на театарот „Комедија“ Јелена Жугиќ, со која го има синот Ахил, а потоа се ожени со шест години постарата Русинка Татјана Михалова Фјодорова со која исто така има син.

Со четвртата сопруга, Фани, за која јавноста многу малку знае, поранешниот пливач има два сина.

Фото/Фејсбук

Scroll to Top