(Фото) Александар од „Дрим тим“ стана татко

Кларинетистот Александар Ангелов од „Дрим тим“ вторпат стана татко. Тој објави фотографија од бебето и откри дека неговата сопруга  Вики родила ќерка.

„Нашето семејство порасна за уште две мали стапала. Вторпат станав татко. Добре дојде Ана Марија!“ напиша тој на социјалните мрежи.

Музичарот веќе го има синот Кирил.

Scroll to Top