Во хотел во Струмица, ќерката на премиерот Зоран Заев, Александра, вчера славеше матура. За забавата таа одбра долг црн фустан од чипка и тул без прерамки, црни сандали и накит во истиот стил. Слики од прославата прв објави премиерот на „Фејсубк“.
„Мојата ќерка матурантка. Среќен татко!“, напиша тој покрај сликите.
Александра заврши средно во училиштето „Јане Сандански“ во Струмица, а по матурирањето ќе запише медицина.
Фото: Фејсбук