Познатата германска репрезентативка и поранешна ракометарка на „Вардар“, Ања Алтхаус се омажи со своето долгогодишно момче, скопјанецот Дино Балиќ. Таа објави неколку слики од свадбата и откри дека старосватица ѝ била познатата модна креаторка Јована Филиповиќ. Јована ѝ ја дизајнираше и венчаницата на Ања, едноставен фустан со чипка и пресечени ракави.
Ања и Дино беа во врска повеќе од две години. Уште лани нивните пријатели открија дека двојката размислува за брак. Додека Ања живееше во Скопје тие често можеа да се видат заедно во познатите скопски кафулиња и кафеани.
Ракометарката неодамна ѝ стави крај на својата кариера и сега е спортски амбасадор. Дино, пак, и порано го пишуваа медиумите, затоа што беше во врска со поп-пејачката Каролина Гочева и со некогашната водителка и лото-девојка Натали Грубовиќ.