Уредничката на образовната програма на МРТВ, и познато ТВ лице, Анета Андонова е во Кипар. Таа се пофали дека ужива во градот на Ричард Лавовско срце.
„ На патот кон Ерусалим, англискиот крал Ричард I се упатил кон Кипар. Освен што го освоил третиот остров по големина на Медитеранот, ја освоил и убавата Беренгарија од Навара. Средновековната тврдина во Лимасол сведочи за големата љубов на кралот со лавовско срце“, вели Анета.