(Фото) Атиџе и Сузана распеани на шопинг: медената шаманка дојде во Скопје

Атиџе Муратова од Бекирлија, херојката на македонскиот документарен филм „Медена земја“ дојде во Скопје, па заедно со водителката и пејачка Сузана Турунџиева се прошета низ градот. Од заедничката дружба споделија фотографии и виедо. „Скопје е убаво, ама Бекирлија не ја дава за Скопје“, напиша Турунџиева. Освен прошетката, Сузе и Атиџе заминаа во градските трговски центри и уживаа во шопинг.

Малку шопинг, малку песна, па така двете запеаја и на туркси.

„Само тој што сонува и верува во себе има можност многу да научи во животот, иако (за жал) никогаш не одел на училиште. Атиџе – една и единственa“, напиша Турунџиева на фотографијата направена пред основното училиште „Гоце Делчев“.

 

Scroll to Top