Пејачката Аделина Тахири се породи пред половина месец. Таа доби син и го крсти Јон. Пејачката ја сподели радоста и со своите обожаватели, па објави две слики од бебето. Таа уште пред да се породи, по теркот на обичаиите на Запад, направи забава за нероденото бебе, на која беа поканети многу гости. Со музика во живо и многу подароци, беше прославата пред да се роди синот Јон. Аделина е во брак со адвокатот Серијожа, а Јон е прво нејзино дете.