(Фото) Благица заврши на торта

Фолк-пејачката Благица Павловска го прослави јубилејниот шеесетти роденден со торта на три ката, украсена со срца и рози од фондан и мини фигура со нејзиниот лик. Елегантна, облечена во црн светкав фустан, кој го дополнила со црни салонки, пејачката од пријателите на социјалните мрежи доби комплименти дека изгледа одлично, а дека годините воопшто не ѝ се познаваат. Благица роденденот го прослави во познат скопски ресторан со најблиските пријатели. Таа се расположи, па во текот на забавата им запеа на гостите.

Scroll to Top